Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.
Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината.
Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.
Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.