Општина Белоградчик во Бугарија издаде итно соопштение за тоа дека џиновска мечка од Србија преминала во нивната земја. Според овие информации животното преминало во близина на преминот Кади Боаз.
Информациите за преминувањето на мечката во Бугарија ги добиле од спрските колеги од граничната полициja, кои забележале огромни траги на земјата.
Градоначалникот Румиана Алексиева ги извести луѓето за мечката и ги предупреди да бидат внимателни.
“Жителите на соседното село Стакевци исто така се предупредени”, изјави Иван Иванов.