Ќерката на петкратниот НБА шампион и членот на “Дрим тимот” на Чикаго Булс, Денис Родна, ќе биде дел од овогодинешниот драфт на NWSL, женското фудбалско првенство во САД.
Тринити Родман е една од најталентираните американски фудбалерки, па поради тоа Вашингтон ја избра како втор “пик”.
Ќерката на Родман е родена во 2002 година и веќе го носи дресот на американската репрезентација, а беше и финалистка на изборот за најдобра млада американска фудбалерка. Пред неа е драфтувана само Емили Фокс, која е постара четири години, а беше одбрана од Лујвил.
“Да се биде дел од “драфтот” на овие години е навистина лудо, а уште полудо е тоа што сум избрана за втор “Пик”, не можам да барам ништо повеќе”, изјави тинејџерката.