(Фото) Љубовта и хуманоста донесоа насмевка на лицето на баба Ѓурѓа: Прекрасните букети одат како алва

За 88-годишната баба Ѓурѓа, која продава цвеќе за да обезбеди леб за своите внуци, почна да пристигнува љубов и поддршка дури и од странство.

Инцијативата која ја започна Владимир Блажев од дуото ДНК, доби поддршка од голем број хумани граѓани.

Денеака тој напиша дека од букетите на баба Ѓурѓа бараат и нашинци од дијаапората.

“Баба ЃУРЃА ве поздравува сите ? и вели дека ова е 5 ти ден по ред како што си заминува порано дома ( 11:45ч ) и не седи на 30+ и сето тоа благодарение на сите вас добри луѓе ❤️ Денес “виновникот” е Sonja Veljanovska која ни прати ЉУБОВ од друг континент ( Австралија ) и која несебично испрати донација преку western union ( 50aus$ = 1.845ден ) за нашиот 88 годишен скопски херој ? Да разјасниме дека сумата е најмалку битна во целава приказна ( сумата морав да ја пишам да не испадне дека завршиле кај мене ) , а главната цел и мотив е: ЧОВЕЧНОСТА, ЉУБОВТА и ХУМАНОСТА во овие тешки времиња.
Уште еднаш ви благодарам од мое име на сите оние кои се приклучивте и ја поддржавте иницијативата за баба Ѓурѓа и нејзините магични букети”, напиша Панчо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.