Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ужива во мајчинство.
Таа минатиот месец се породи во една од скопските клиники и на свет го донесе малиот Петар.
На социјалните мрежи, Јанкулоска објави фотографија на која е облечена во дрес на Ливерпул пред породување и фотографија од денес во пресрет на вечерашниот натпревар, повторно во дрес, но со малиот Петар во раце кој исто така ќе навива за омилениот клуб на мама.
Ова е прво дете на Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски со кого е во брак од 2010 година.