Во околината на село Адровичи ископан е канал долг 100 метри кој и физички ги раздвојува двете држави. Работата ја извршува локална фирма, а работниците ги чуваат спeциjaлци.
Драгомир Брашанац жител на селото кое се наоѓа на самата граница меѓу Црна Гора и Србија, заплака пред новинарите на српски Курир. Го запрашале дали памти некој од неговите предци, дедо, прадедо или некој друг, да копаат ровови на границата.
– Какви ровови, ровови измеѓу браќа… само тоа успеал да го изговори пред да му излезат солзи на очите.
На границата, недалеку од селското училиште, има ископано еден тунел долг 20 метри и широк два до три метри. Во истиот правец, во близина на првиот има ископано уште еден тунел кој е подолг и поширок. Тој е долг околу 60 метри, длабок најмалце три, а широк три до четири метри. Вистински непоминлив бедем.