(Фото) Чудо во манастирот Свето Преображение: Мироточат три икони, а низ храмот се шири пријатен мирис

Во храмот Свето Преображение во Србија се случи вистинско чудо. Три икони од икностасот започнаа да мироточат за време на служењето на Светата литургија, на која, поради забраната за собири, присуствуваа само свештениците.

Иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и Свети Архангел Михаил мироточат веќе неколку дена, на радост на тамошните верници.

Свештеникот Анѓелко Ковачевиќ, кој служи во овој храм, раскажа што се случило.

– Пред крајот на Светата литургија погледнав кон иконата на Исус Христос и забележав како на дното од иконостасот има некакви траги. Најпрво помислив дека е масло од кандилото, иако физички тоа не би можело да се случи на тоа место. На крајот од Светата литургија ги повикав остантите и ги замолив да го избришат тоа масло- вели тој.

Меѓутоа, набрзо сфатиле дека не се работи за обично масло, бидејќи истото се случило и со остантите две икони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.