Необични временски прилики, го зафатија денеска Прилеп. На небото над Прилеп, денес буквално се менуваја на периоди сите годишни времиња. Покрај силниот ветер кој преовладуваше во текот на денот, имаше сончеви периоди, дожд, темни облаци, а се чувствува и доаѓањето на снегот. За разлика од другите делови на државата, каде ветерот направи поголеми проблеми и наместа штети, Прилеп ги одмина тие неприлики.