Црвена Звезда денеска ќе го игра реваншот од квалификациите во Лигата на шампионите против швајцарски Јанг Бојс.
Првиот натпревар заврши со резултат 2:2, а Звезда на свој терен ќе се обиде да дојде до нов настап во групната фаза од најелитното европско натпреварување.
Пред овој натпревар пред стадионот „Рајко Митиќ“ одлучија да постават – тенк!
Тенкот ја симболизира војничката верност на навивачите на Црвена Звезда и фановите ќе имаат прилика да се фотографираат покрај оваа атракција.