(Фото) Цеца ја продолжи “вojната” со српскиот политичар: “17 години сум во потрага по вистината! Зошто мене ме yaпcиja, а не вас?”

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ како гостина на една емисија истакна, шегувајќи се на своја сметка, дека претходната власт ја подготвила за кapaнтинот, па поради тоа самоизолацијата лесно ја поднела.

“Јас често бев во самоизолација, затоа што така ми одговараше. Морам да се пошегувам малку сега, веќе од оваа перспектива можам и да се шегувам, на своја сметка. Мене претходните власти ме истренираа, како да знаеја дека ќе има kopoна, па ме затворија четири месеци во самоизолација. Потоа на нозе уште осум месеци, исто така, уште еден облик на самоизолација. Поради тоа ова за мене е ништо”, рече Цеца во емисијата “Хит Твит”, каде гостуваше заедно со политичарот Чедомир Јовановиќ.

“Разликата е во тоа што тој мене ме апceше, а не јас него”, додаде Ражнатовиќ, па започна вербална расправија со Јовановиќ, со намера по 17 години да дознае зошто била yaпceна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.