Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, поради изјавата која неодамна ја даде, стана главна тема на социјалните мрежи.
Славниот Португалец заедно со остатокот од селекцијата ги пакувааат куферите и го напуштаат Мундијалот во Русија.
Иако од ѕвездата на Реал и еден од најплатените спортисти во светот многу се очекуваше, Роналдо сепак не можеше да го понесе товарот сам, па неговиот мундијалски сон заврши во осмина финалето.
Меѓутоа, фановите на Роналдо (или подобро кажано хејтерите) не го поштедија, па тој стана предмет на шега на социјалните мрежи. А за тоа е заслужен неговиот нов имиџ.
По утакмицата со Мароко, Роналдо откри дека неговата нова брада е дел од шегата со Рикардо Кварезма, па смета дека таа му носи среќа и дека ќе ја остави до крајот на Мундијалот.
“Сега може да ја отстрани, и така грдо му стои” – пишуваат корисниците на социјалните мрежи.
“Тоа беше шега која ја имав со Кварезма. Бевме во сауна кога се бричев и ми остана малку брада. Реков дека ако постигне гол против Шпанија ќе ја оставам до крајот на турнирот. Излезе дека тоа функционира и дека ми носи среќа, бидејќи и против Мароко дадов гол, па затоа ќе ја оставам”, изјави Роналдо пред неколку дена.