Протестите на СДСМ веќе пет дена се одвиваат и во Прилеп. По примерот на нивните наредбодавачи од Скопје, и прилепските социјалдемократи дивеат и го уништуваат она што не го создале во градот под Марковите Кули. Новата општинска зграда која е гордост на прилепчани е мета на напад во изминатите денови.
Со боја и јајца хулиганите од СДСМ уништуваат нешто што е ново, што е вредно и најважно од се, нешто што го краси градот како градба.
Ваквото дивеење предизвика бура на реакции кај јавноста во градот и беше осудено освен од граѓаните и од голем број на здруженија на граѓани и организации.
Притоа граѓаните коментираат дека се што е направено треба да се чува и почитува, а ваквиот вандализам да го прават на старата општинска зграда.
Засрамени од постапките на своите сопартијци од СДСМ, се помалку граѓани се огласуваат на стратегијата на овие стотина членови.
Ваквиот колор потфат треба да го насочат кон својата црно-бела безидејност, немањето на програма и на екипирањето со достоен кадар, кој очигледно недостасува во редовите на СДСМ во Прилеп, а тоа многу пати го потврдија и опозициски настроените портали во градот.
Александар Георгиоски