(ФОТО) “Хари Локвенец и Горан Мисовски предлагаат награда: ДЕН НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА?!”

Во понеделник, 21.05.2018, на седницата бр. 46 на Собранието на Република Македонија, на Дневен ред се 29 точки, меѓу кои под број 13 се наоѓа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди, по скратена постапка.

Предлог законот е потпишан од 13 пратеници, меѓу кои и пратеникот од Прилеп, Хари Локвенец и пратеникот од Скопје, Горан Мисовски.

Со овој Предлог Закон се бара по скратена постапка да се изгласа воведување на државна награда „22 Ноември“ (Денот на албанската азбука),  со која како што се вели во предложеното законско решение, ќе се оддава признание за унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Предвидено е оваа награда да се доделува како дел од празнувањето на Денот на албанската азбука, а наградата се состои во парични средства во висина од пет просечни плати.

Финансиските импликации од ова законско решение предвидено е да бидат на товар на Буџетот на државата.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.