Еден ресторан во Токио од денес нуди хамбургер вреден 800 евра како дел од прославата за доаѓањето на новиот цар на почетокот од мај.
Хамбургерот е тежок три килограми. Во него има телешко месо и црни тартуфи, а на горниот дел “златна прашина”.
“Сакаме да го прославиме доаѓањето на новиот цар и новата ера во Јапонија”, рече шефот на куњата на ресторанот, Патрик Шимада, Американец со јапонско потекло.
Хамбургерот кој е наречен “златен џиновски бургер” ќе ги чини гостите 100.000 јени (800 евра) и ќе биде на менито до крајот на јуни.