Спортските игралишта во ОУ „Даме Груев“ во Битола, ќе добијат комплетно нов лик. Подлогата на овие спортски игралишта не е обновена повеќе од 20 години, со видливи оштетувања на асфалтот, кои ги отежнуваат училишните спортски активности на учениците.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес на терен од стручните служби беше запознат со идејните решенија за новите спортски
игралишта во ова училиште.
Според проектната документација, новата постоечка асфалтна подлога ќе биде заменета со нов, модерен материјал, погоден за спортските
активности на учениците. Паралелно со тоа, ќе се изврши и проширување на димензиите на постоечките игралишта, кои ќе овозможат и официјални
школски спортски натпревари. Во училишниот двор ќе бидат сместени игралиштата за тенис, кошарка, одбојка, а ќе има и дополнителна фитнес
зона. Во состав на училишниот двор предвидена е и училница на отворено, со клупи за седење и можност за оджување на настава во дворот.