ФОТО: Туристичка агенција објави фотографии од апартман кој зад себе го оставиле туристи во Грција – неред насекаде

Секоја летна сезона се повторува иста приказна – туристичките агенции го изнесуваат на виделина се она што се случувало за време на летото, а што поминувало незабележано. Можеби поедини туристи со причина се жалат на условите за сместување, но самите сопственици на апартманите имаат многу причини за жалење, за што сведочи и овој случај.

Една туристичка агенција од Србија на Фејсбук споделила глетка од еден апартман во Грција кој зад себе го оставиле нивните клиенти.

Како да станува збор за итна евакуација пред катастрофа, овие туристи зад себе оставиле неред и валканици.

Се било испревртено, расфрлано, валкано, загорено…

Ова е само еден пример во каква состојба туристите ги оставаат апартманите зад себе. Напоменуваме дека и при напуштањето на апартманите често недостасуваат постелнини, садови, основи предмети итн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.