(Фото) Трикот со јајце кој ги воодушеви сите на ТикТок: Ќе посакате да го направите за појадок

ТикТок изобилува со интересни кулинарски (и останати) трикови, а сега вниманието на социјалните мрежи го привлече едно видео кое прикажува интересен начин на подготовка на јајца.

Видеото е објавено на профилот @sunnycusine и прикажува како да направите „коверт“ од јајце. Во тава со нелеплива површина, скршете го јајцето и одвојте ја жолчката од белката. Оставете белката малку да се испржи, а потоа во средината ставете ја жолчката.

Потоа, нежно и внимателно преклопете ја белката преку жолчката, од сите четири страни.

Можеби нема да ви испадне од прва, но бидете упорни и внимателни додека ја преклопувате белката. Исто така, важно е да го пржите јајцето во тава во која нема да се залепи на дното.

Видеото има над 4 милиони лајкови и над 20 илјади споделувања и коментари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.