Кабли, гуми и разноразен друг отпад се гори на потегот кај Дабница во Прилеп, за пуст бакар… и така со години. Црни облаци од чад уште рано наутро се креваат над градот под Марковите Кули, прилепчани си дишат саѓи, а проблемот не е ниту на повидок да се реши.
Ништо поразлично не беше ниту денеска….Граѓани одново ни испратија фотографии, загрижени за своето и здравјето на своите деца, особено сега кога грејната сезона започна, а воздухот и така е загаден.
Ќе најдат ли надлежните начин да го решат овој горлив проблем?