(Фото) Топлотен бpaн ја зафати Грција: Температури до 28 степени – плажите преполни

Топол бран со температура од дури 28 Целзиусови степени, вчера масовно ги испрати Грците на плажите и парковите, без оглед на „мерките за затворање“ поради епидемиjaта со кopoнавиpycoт.

Според Атинската национална опсерваторија, температурата во Ханија, на јужниот остров Крит, достигнала 28,3 степени околу пладне, што е една од највисоките јануарски температури во последните педесет години.

Типичната температура во овој период од годината во Грција е околу 15 степени.

Во Атина, каде термометрите достигнаа 22 степени, луѓето се насобраа на плажите, плоштадите и парковите.

„Времето е прекрасно, а ние сме претежно заглавени дома“, рече човекот за телевизијата Скај од плажата Кавури, близу Атина, објаснувајќи зошто е таму со многумина што шетаа, а некои дури и пливаа.

Жешкиот ветер од Африка донесе многу прашина заедно со необичната топлина. Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда.

Полициските службеници со мегафони ги потсетуваа луѓето да одржуваат „социјална дистанца“ и ги казнуваа оние кои не носеа маски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.