Финалето на втората фестивалска вечер на Пиво Фест го приреди диџеј дуото од Грција Bang La Decks. Ниту силниот дожд кој почна да паѓа некаде после полноќ, не ги спречи да приредат спектакл кој долго ќе се памети во Прилеп.
Илјадната публика лудуваше на сетот кој го приредија двајцата “фантоми”, кои беа изненадени од неверојатниот пречек, па во неколку наврати се заблагодаруваа на македонската публика. Во музиката нема политика, тоа беше очигледно и синоќа во Прилеп.
Кренати раце во воздух, чаши со пиво кои летаа во воздух и вжештена атмосфера. Bang La Decks беа вистински погодок.