Сега веќе традиционално, на 24 мај во 13 часот, во Москва беше одржан празничниот концерт посветен на нашите просветители Св.Кирил и Методиј, со величенствен настап на хорот составен од десет илјади челнови.
Патријархот Кирил од бината ги поздрави присутните и им го честиташе големиот празник – Денот на Св. Кирил и Методиј, словенските просветители.
“Се собравне на Црвениот плоштад на овој ден за да се присетиме на нашите претци, да се потсетиме на почетоците на тој огромен пат, драматичен и победоносен пат на словенките народи. Тоа е пат и на нашиот руски народ, тоа е пат од почетокот на писменоста до денешните достигнувања во модерната наука”, рече патријархот.
Да потсетиме, претседателот на Република Македонија лани на 24 мај беше во Русија и беше одликуван со наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори” за 2016 година, а му биде врачена од Патријархот на Руската православна црква, Кирил на свечена церемонија во храмот „Христос Спасител” во Москва.
Дури и претседателот на Руската федерација Владимир Путин зборуваше за тоа дека писменоста на Русите пристигнала од “Македонската земја”.