ФОТО СПОРЕДБА: 10 милиони евра инвестиции во образованието во Прилеп (ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”)

После 93 години целосно се реновираше музичкото училиште во Прилеп, со што се реши еден децениски проблем за учениците кои го посетуваат ова училиште.

befunky-collage

Музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп, доби еден феноменален изглед и се создадоа одлични услови за работа како за наставниците така и за учениците. Ова музичко училиште има продуцирано голем број на музички кадри во Прилеп, Македонија, па и пошироко, а  со оваа реконструкција стимулот за учење ќе биде уште поголем кај учениците. Задоволството е уште поголемо затоа што ова е еден доста стар објект кој се заштити и доби сосема нов изглед.

Проектот опфати комплетна промена на 3 нови плочи, комплетна реконструкција на скаличниот дел, промена на целата електрична инсталација и внатрешната столарија, а претходно училиштето доби и нова фасада, дограма, како и ново концертно пијано.

Претходно училиштето изгледаше вака:

img_5431

img_5433

img_5435

img_5436

img_5437

Денес музичкото училиште е непрепознатливо

6514-kompletno-renovirano-osnovnoto-muzicko-ucilishte-vo-prilep-960x600-1

6514-kompletno-renovirano-osnovnoto-muzicko-ucilishte-vo-prilep-960x600-2

15036296_1438770552817029_6305657861575444003_n

15134590_1438770436150374_106401969521071627_n

dsc01845




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.