Се сеќавате ли на ликот на центаралното градско подрачје на Прилеп пред 12 години?
Се сеќавате ли на сендвичарите, на руинираниот простор пред зградата на Комерцијална Банка, на високите тополи, на искршените и пропаднати плочки пред домот на културата “Maрко Цепенков”, дивите тревници …?
Централното градско подрачје пред 12 години беше срам за прилепчани, без свежина и сјај.
Вака изгледаше просторот на денешниот “Арт плоштад” и плоштадот “Aлександрија”, пред и не така многу одамна.
Денес прилепчани и сите посетители на градот под “Марковите Кули” уживаат во еден нов урбан лик на Прилеп. Фонтани, современ плоштад, модерно осветлување, уредни и тревници, современа урбана опрема, се дел од новиот, модерен, европски лик на центарот на градот. Посебен шарм на плоштадот “Александрија” му дава пролетното цветање на јапонските цреши, кои изгледаат магично.
Александар Георгиоски