Она што некогаш се нарекуваше “парк”, а претставуваше дива депонија со раскопани тревници, но често и опасна средина за најмалите, поради големиот број наркозависници кои се собираа тука, денес е претворено во вистинска оаза и претставува гордост на прилепчани.
“Паркот на љубовта” пред основниот суд во Прилеп, е рајска градина каде секој го најдува својот мир и спокој. Дење вистинско одморалиште за најмалите и пензионерите, а навечер место каде се раѓаат нови љубовни приказни.
Не постои некој што останал рамнодушен и не одседнал барем на кратко.
За почитување е и тоа што локалните власти прават секакви напори овие паркови површини да се одржуваат и да изгледаат како недопрени.
Ве потсетуваме како изгледаше просторот на денешниот парк претходно.
Дополнителен коментар не е потребен. Погледнете како изгледа денес еден од најубавите паркови во градот под “Марковите Кули”.
[Best_Wordpress_Gallery id=”446″ gal_title=”ПаркСУД”]
Aлександар Георгиоски