Основното општинско училиште „Круме Волнароски„ – Тополчани е централно училиште во кое се реализира настава на македонски наставен јазик од I до IX одделение и во својот состав има осум подрачни училишта.
Централното училиште е лоцирано во населеното место Тополчани, а подрачните училишта опстојуваат во населените места: Старо Лагово, Клепач, Чепигово, Алинци, Загорани, Ново Лагово, Галичани и Беровци. Во подрачното училиште во с. Старо Лагово се изведува настава од I до IX одделение, а во сите подрачни училишта се изведува настава од I до V одделение во комбинирани паралелки.
Во периодот од 2005 година до месец декември 2016 година, во централното и подрачните училишта вложени се инвестиции со вкупна вредност од 17.230.959,00 денари, a подобрувањето на инфраструктурните и материјалните услови за работа секако дека допринесе за зголемување на квалитетот на наставата.
Тополчани
- Адаптација и санација на санитарни јазли
- Реконструкција на фискултурна сала
- Поставување на дренажа околу училишната зграда
- Одржување и санација на кровна конструкција
- Одржување и санација на подовите
- Компјутер за секое дете и за секој наставник
- Збогатување на книжниот фонд во училишната библиотека
- Промена на дограма
- Комплетна промена на електричната инсталација и светлосните тела во училиштето
- Поставување громобран на кровот на училиштето
- Опремување на училиштето со училишен и канцелариски инвентар
- Адаптација на просторот за детска градинка
и многу други инвестиции
Во подрачните училишта се реализираше следното:
Старо Лагово
- Изградба на хидрофор капацитет за водоснабдување наменети за училишната зграда
- Адаптација и санација на санитарни јазли
- Реконструкција и санација на подовите
- Промена на дограма
- Просторно уредување на училишната библиотека и збогатување на библиотечниот фонд со нови литературни дела
- Изведување на работи на промена на постоечки кров
Беровци
- Адаптација и санација на санитарни јазли
- Почеток на нова монтажна училишна зграда во ПУ село Беровци
- Монтажно училиште
- Комплетна реконструкција на старата училишна зграда
- Оградување на училишниот двор
- Набавка на училишен инвентар
- Адаптација на санитарен јазол за градинка во рурална средина
Ново Лагово
- Санитарни јазли и санирање на училницата
- Промена на дограма
- Изградба на детски забавен парк во училишниот двор
Галичани
- Одржување и адаптација на училница
- Почеток на нова монтажна училишна зграда
- Реконструкција на кров во ПУ с.Ново Лагово и ПУ село Галичани
Чепигово
- Одржување и санација на санитарни јазли
- Почеток на нова монтажна училишна зграда
- Монтажно училиште
- Оградување на училишниот двор
Алинци
- Поставување на потпорен ѕид на училишната зграда и ограда со две порти
Загорани
- Поставување метална ограда на прозори, промена на олуци, смена и монтажа на брави
- Санација и реконструкција на кровот но училиштето
- Изградба на санитарен јазол