Човек од Англија со детектор за метал го откопа својот прв златник, кој се покажа дека вреди неверојатни 648.000 фунти.
Мајкл Ли-Малори (52) ја пронашол паричката на обработливо земјиште во Хемиок, Девон минатиот септември. Најпрво, тој не бил целосно свесен за тоа колку е вредна монетата, се додека специјалист од аукционерите на Spink, Лондон, ја забележал на неговата страница на Фејсбук и откри дека станува збор за супер-редок денар од Хенри III. Се смета дека монетата го прикажува првиот „вистински“ портрет на англиски крал на неговиот трон уште од времето на Вилијам Освојувачот.
Се знае дека постојат само осум од монетите – од кои повеќето моментално се чуваат во музеи.
Импресивната сума е светски рекорд за монетата Хенри III и воедно највредната средновековна англиска монета некогаш продадена на аукција.