Манекенката Софија Милошевиќ на почетокот од септември на свет го донесе своето прво дете, синот Алексеј, кој го доби со фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.
Таа се породи во Мадрид, каде сега живее со своето семејство. Манекенката набрзо потоа ја врати својата линија.
Софија сега на својот Инстаграм профил објави селфи без трошка шминка на лицето, без ефекти и со капа на главата. Фановите се воодушевени од нејзината природна убавина.