(ФОТО) Сообраќајната сигнализација на повеќе места во Прилеп, е пример како НЕ ТРЕБА!

Новинарот Зоран Момироски на социјалните мрежи го покрена прашањето за недостатокот на вертикална сообраќајна сигнализација во Прилеп, горливо прашање на кое граѓаните со години реагираат.

Но, не само што сообраќајните знаци и патокази недостасуваат на одредени места, туку голем дел од нив се поставени на пешачки и велосипедски патеки.

-Во Прилеп недостига вертикална сигнализација. И таа што ја има “дивјаци” ја уништуваат. Ама таа што ја имаме прашувам со кој ум некој дозволува друг да ја постави без мозок и грижа онаму каде што ќе посака! ПЕШАЦИ, ВЕЛОСИПЕДИСТИ и ИНВАЛИДИ јавно покануваат експерти од целиот свет за да го посетат Прилеп. И да научат каде и како во иднина да поставуваат сообраќајни знаци и патокази во своите градови. Оти вакви уникатни пример ретко може да се види на друго место. Јас јавно прашувам дали во Прилеп има служби кои вистински водат грижа за безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајнот?!?! И дали постои Општински совет за безбедноста на сообраќајот?! – пишува Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.