Сообраќајна несреќа во која за среќа причинета е само материјална штета се случила рано утрово околу 4:50 часот во Кичево.
Од полицијата за Курир велат дека 24-годишниот Ф.Г. од Албанија управувајќи „Ланд Ровер“ во кој имало уште двајца сопатници, изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и излетал од коловозот.
Автомобилот удрил во дрво кое се наоѓало на пешачката патека на булеварот „Ослободување“, кај кружниот тек.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.