Дрвокрадците во Прилеп удрија и по боровата шума кај вештачкото езеро. Малку им беше пустошењето на дабот и буката, сега на ред дојде и борот.
Пресечени се еден куп стебла во делот од шумата над езерото, а лудилото на пустошење не престанува. Проблемот со дрвокрадството во Прилеп е рак рана со години и никој досега не успеа да стави крај.
Граѓаните постојано фотографираат и снимаат импровизирани автомобили и запрежни коли како натоварени слегуваат по патот кај вештачкото езеро, но ниту една власт досега не најде начин да им се спротивстави на дрвокрадците и да воведе строги контроли и патроли.