Врнежите вчера во Србија предизвикале големи штети.
Поради поплавените улици отежанат бил сообраќајот во централна Србија.
Во општина Лучани прогласена е вонредна ситуација поради поплавите. Реката Бјелица се излила во Гуча, како и во околните села, а на излезот од Гуча кон Лучани и Чачак поплавени се најмалку десет куќи.