Припадниците на Единицата за брзо распоредување и денес неуморно се борат со пламенот во реонот на Јасен. Цел ден на терен, со колегите и со останатите служби, тие ја ставаат својата сила, знаење и храброст во заштита на природата и безбедноста на граѓаните. Нивната посветеност и пожртвуваност се најголемата инспирација и доказ дека вистинските херои носат униформа. Благодарност до сите што се борат со огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на Единицата за брзо распоредување.
Во Јасен веќе неколку дена гори мешана шума. Теренот е исклучително тежок и се прават натчовечки напори тој да биде ставен под контрола.
Поради пожарот во националниот Парк Јасен, продолжува забраната за сообраќај на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје. Патот е затворен е за секаков вид на возила, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.