На само 5 км од град Кавадарци, поминувајќи низ село Ваташа и приказната за 12 загинати деца, на преминот во рамнината од котлината, под Витачево, под мирисот на природата на Кожув планина, во центарот на градењето на историјата на Тиквешкиот регион денес а и многу одамна, познато под месноста Моклиште, како пупка од гроздова лоза никнува еден од најтоплите и најсовремените ресторани во Тиквешкиот регион и воопшто во Македонија.
Денес Моклиште е познато излетничко и рекреативно место за целиот регион кое во последните неколку години доживеа комплетна трансформација, а денес обновувајќи ја и рурализирајќи ја околината на ова место, ресторан Моклиште ќе биде топол дом за секој посетител.
-Идејата за започнување на еден ваков проект беше на ова место повторно да му се даде душа, обновувајќи ја комплето целата околина, решивме да го реставрираме ресторан Моклиште. Ова е еден од поубавите локации кои Тиквешкиот регион може да го понуди на сите љубители на природата и добрата храна. Безбројните знаменитости како реката која минува непосредно до самиот ресторан со неколкуте водопади, една од најстарите воденици во регионот, манастирот св Никола изграден уште од 15 век, Ваташкото езеро кое засега е единствен пример на урниски тип езера во Македонија како и познатиот споменик ”Болвински камен” кое датира и има историја од п.н.е.’Ресторан Моклиште е со капацитет од 200 гости, а истиот работи и како мотел со 6 соби, и два апартмана со вкупно 20 легла. Како една од најголема атракција која на самиот објект му дава посебна душа е отворената кујна, видлива за секој посетител, од која проникнува традиционална македонска храна сервирана на модерен начин,вели Митко Јанчев, сопственик на Ресторан Моклиште.