(Фото) “Се острат ножиците” за новата градинка – Изведувачот ја забрза работата

Детската градинка во населбата “Точила” во Прилеп, чија изградба започна во април минатата година, а требаше да биде завршена до крајот на годината, најпосле се чини влегува во завршна фаза.

Се работи за објект кој се простира на површина од 5.030 м2, кој треба да згрижива 252 деца.

-Објектот е проектиран да има приземје и кат, партерно уредување, функционално поделен на два дела, од кои едниот дел со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли, а другиот дел во кој ќе бидат сместени стручниот кадар и администрацијата. Покрај партерното уредување, од особена важност е тоа што покривот е предвиден како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација. Зелениот покрив овозможува одлична изолација преку целата година и заштеда на енергија. На покривната тераса ќе има сончеви колектори и фотоволтаична постројка за производство на електрична енергија за потребите на самата градинка, а ќе биде инсталирана и воздушна топлотна пумпа, со што значително ќе се намалат трошоците за греење и ладење. Објектот ќе има централно подно греење и ќе ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност – беше истакнато при почетокот на изградбата на градинката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.