Во битолско Буково се извршува асфалтирање со должина од 600 м на завршниот асфалтен слој на левиот дел од коловозот, а со тоа проектот ,, Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола “, е во завршна фаза – информираат од општина Битола.
Како што и предходно е напоменато, извршена е стабилизација на банкината, за одводнување на коловозот се вградени префабрикувани бетонски каналети. Со извршеното асфалтирање се реализира проектната ширина на асфалтниот дел од коловозот кој изнесува 5,50 м.
Со ова се исполнува барањето на жителите на село Буково за побезбедно одвивање на сообраќајот.
 
            



























