(ФОТО) Секоја чест! Шаховскиот клуб “Прилеп” почна да го обновува шаховскиот плоштад во центарот на градот

Во 2009 година на новоизградениот тогаш “Арт плоштад” во Прилеп беше направена и голема шаховска табла, која беше атракција за целиот град и посетителите.

На отварањето присутни беа голем број граѓани, а долго време потоа шаховската табла беше украс на градот, се до изминатите неколку години, кога поради неодржување и вандалство, популарниот шах стана грда слика за центарот на градот.

Испокршени табли, уништени клупи, откорнати светилки, уништени ѕидови…

Но за среќа ентузијазам постои, па од Шаховскиот клуб “ПРИЛЕП” решија да ги обноват шаховскиот плоштад. Како што објави претседателот на клубот на социјалните мрежи, Тони Кироски, веќе се поставуваат нови шаховски табли.

ШК “Прилеп” на овој начин продолжува со идејата шахот да го задржи пиетот што го има со децении во градот и да привлече што повеќе приврзаници.

Да се надеваме дека оваа идеја ќе добие и поддршка од надлежните, за ова катче одново да заличи како пред 15 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.