Седумгодишно момче со херојски подвиг ја спаси својата помала сестра, влегувајќи преку прозорец во куќата во која имало силен пожap.
Неговиот татко Крис му помогнал да влезе преку прозорецот и да ја спаси 2 годишната сестра. Настанот се случил во градот Њу Тејзвел, Тенеси.
Зборувајќи за “WVLT”, гордата мајка Никол вели дека таа и нејзиниот сопруг, кои се поранешни пожарникари, се разбудиле во текот на ноќта и забележале како пламенот се проширува низ целата куќа.
“Сопругата го зеде противпожapниот апарат и на тој начин се обидувавме да добиеме на време. Јас ги зедов момчињата, бидејќи тие беа поблиску до пламенот”, раскажува таткото Крис.
Но, во дневната соба било невозможно да се влезе, а со тоа најмалата ќерка останала заробена.
“Татко ми го отвори прозорецот и рече, не можам да се качам, се обидов многу пати. Јас му реков “Јас ќе одам тато”, раскажува момчето.
Пожapникарите стигнале набрзо, но доколку 7-годишниот Ели не влезел преку прозорецот исходот ќе бил поразличен.