Утринава англискиот град Телфорд го разбуди тажна вест за убиството на нивен сограѓанин, а кратко потоа утврдено е дека станува збор за поранешниот фудбалер на Астон Вила.
Полицијата со електричен пиштол го убила Далиан Еткинсон, кој дресот на клубот од Бирмингем го носеше пет сезони, од 1991 до 1995 година.
Станува збор за фудбалер кој играше на највисоко ниво, играше и во Премиер лигата, и е добро познато име за фановите на островскиот фудбал.
Освен за Астон Вила, настапуваше уште и за Манчестер Сити, Реал Сосиедад, Фенербахче, Мец, Ипсвич, Шефилд Венздеј, како и за неколку кинески и арапски клубови, а во својата кариера постигнал над 100 погодоци на 250 натпревари.
Она по што ќе остане познат е фактот дека е стрелец на најубавиот погодок во сезоната 1991/92 кога во мечот против Вимблдон го постигна голот кој беше прогласен за гол на годината.
Според наведеното во извештајот, тој бил убиен поради сигурносни причини во својата семејна куќа во Телфорд.