(Фото) Рудар стана милионер преку ноќ: Пронашол скапоцени камења тешки 15 килограми

Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ, откако пронајде две парчиња необработен скапоцен камен танзанит, со вкупна тежина од 15 килограми. Ова е најголемиот пронајден танзанит во оваа земја.

Санини Лаизер (52) двете парчиња ги продал за 3.4 милиони долари на министерството за скапоцени камења во Танзанија, пренесува БиБиСи.

Лаизер рекол дека сака овие пари да ги инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на својата куќа.

Тој истакна дека голем број на луѓе во неговото соседство се сиpoмашни и дека не можат да си дозволат да ги носат децата во училиште.

Рударот вели дека парите нема да го променат неговиот начин на живот и дека тој планира и понатаму да се грижи за своите крави, додека работата во која ќе ги вложи парите ќе им ја препушти на неговите деца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.