Редици граѓани од утринава во просториите на Државната изборна комисија во Прилеп, чекаат да го дадат својот потпис за кандидатурата на Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните во текот на целиот ден во голем број пристигнуваат и се потпишуваат, откако Силјановска најави дека покрај поддршката од партијата, ќе собира и 10.000 потписи за својата кандидатура.