Црковните храмови во Прилеп од утрово широко ги отворија портите за верниците, кои доаѓаат да се поклонат и да ја целиваат Светата Плаштаница на која е изобразено положеното тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос.
Редици верници уште од утринава го исполнија дворот на храмот Св. Петка во населбата Точила.
Истата слика е и во останатите црковни храмови. Прилепчани уште еднаш покажаа дека ги следат духовните обичаии и традиции и на Велики петок ги исполнија духовните светилишта.