Кога Дана Мариќ од населбата Бикавац во Вишеград купила дрва за оваа зима, не очекувала дека во едно од нив ќе пронајде датум кој ќе и ја заледи kpвта.
“Го повикав пријателот да ги исцепи. По некое време слушнав како ме вика да видам нешто. Пред мене стоеше дрво расцепено на половина, а во внатрешноста беа испишани броевите 2, римска четворка и 1985”, вели Дана за РИНА.
“Децата ми велат да не се грижам, но кој знае зошто тој датум е запишан во дрвото и што се случило на тој ден. Веројатно е направен кога дрвото било младо”, раскажува Дана.