(Фото) Разочаран член на СДСМ: “Денес ја кинам книшката- повеќе не сакам да сум член на партија во која најважни се интересите на поединци”

Се повеќе партиски членови на СДСМ се разочаруваат од власта и партијата предводена од Зоран Заев.

Еден од нив е и Дејан Каранфиловски кој за своето разочарување од членството во СДСМ јавно напиша статус на Фејсбук.

-Денес ја кинам книшката од СДСМ повеќе не сакам да сум член во партијата каде се поважни интересите на поединци за фотелја отколку на партијата и така СДСМ си губи од ден на ден по некој член, а со тој член идат и стотици гласачи, а особено ако е член 25 години. Сега на избори нека ви трчаат тие од фотелјите, а чисто се сомневам па после одговорноста нека си ја преземат тие што ги ставиле, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.