Двајца градежни работници од Естонија забележале куче во ледената река и веднаш отишле да му помогнат.
Работеле на браната на реката Парна кога го забележале, па направиле пат низ мразот.
Потоа кучето го замотале во ќебе и го ставиле во автомобил за да го згреат. Дури кога стигнале кај ветеринарот дознале дека спасиле волк.
“Беше мирен, спиеше на моите нозе”, вели Рандо Карстеп.