ФОТО – Работниците од Комуналец како вистински ветеринари: Пони фамилијата на Могила доби нов член

13479663_10208031353594344_1675847858_n

Фамилијата на пони коњчиња во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп, доби нов член.

Огромна заслуга за донесувањето на свет на новото мало, слатко суштество имаат вработените во ЈКП Комуналец Прилеп, кои успешно ја реализираа улогата на ветеринари.

Пони коњчињата се вистинска атракција во паркот и голема радост за сите деца.

Инаку на Могилата во Прилеп  има уште и  кафези со егзотични птици, елен, зајаци и лама. Овие животни го надполнуваат колоритот на зеленило, цвеќиња, фонтани и прекрасна уреденост.

13492958_10208031353274336_2095963772_n (1)

13474138_10208031354514367_165177253_n

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.