(Фото) Пронајдена мумиja со златен јазик во Египет

Тим на археолози од Египет и Доминиканската Република дојде до чудно откритие во древните храмови на Египет. Мумијата била балзамирана пред повеќе од 2000 години, а јазикот на човекот бил заменет со златна полуга.

Мумијата била откриена во древниот град Тапосирис Магна, што се преведува како „голема Озирисова гpoбница”.

Се сметало дека Озирис е богот на подземјето.

Истражувачите сметаат дека златниот јазик бил поставуван за починатите да можат да зборуваат со боговите во задгpoбниот живот.

Во соопштението на египетското Министерство за туризам се наведува дека наулниците пронашле и остатоци од позлатен картон покрај амајлијата во облик на јазик, кој во посебен ритуал бил ставен во устата на мумијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.