Градежната офанзива во Општина Кривогаштани продолжува, во текот на вчерашниот ден во две населени места беа комплетно асфалтирани две улици, крак од улица Македонски Просветители во Кривогаштани, улицата Најдо Најдоски во Воѓани – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на општината, Николче Мискоски.
-Искористени се финансиските средства добиени од светска банка во висина од 5.000.000 и дополнување на Општина Кривогаштани со 540.000 ден. Пред крајот на градежната сезона ќе бидат потпишани уште 4 договори за реконструкција на две улици во населеното место Славеј, улицата Гоце Делчев во Кривогаштани и улицата Даме Груев во населеното место Подвис. Се грижиме за потребите на жителите на општина Кривогаштани со подобрувањето на патната инфраструктура – пишува Мискоски.