Според информациите кои ги добивме, утрово градежна механизација влегла во дворот на фабриката “Еурокомпозит”.
Oд фотографиите кои ги добивме од очевидци се гледа камион и валјак, а засега не е познато за што точно станува збор.
Дали ова значи дека нов инвеститор влегува во загубарот “Еурокомпозит”, која што фабрика не работи веќе подолг период?
Дали постои надеж за поранешните вработени и дали може да значи нови работи места?
Останува да видиме во периодот кој следи.