(ФОТО) Прилеп се гуши во ѓубре – граѓаните бараат почесто одлагање на отпадот!

Полни контејнери, расфрлан отпад наоколу од бездомни животни, оставени ќеси со отпад од граѓани поради тоа што нема каде да го фрлат ѓубрето. Ова е честа слика во Прилеп, а причината за тоа е што Јавното комунално претпријатие “Комуналец” нередовно си ја врши работата за која зема пари од граѓаните.

Прилепчани бараат отпадот да се собира почесто, велат дека денеска не е како порано, нема производ кој не е запакуван, па поради тоа се семејствата фрлаат повеќе ѓубре.

Граѓаните бараат Комуналец почесто да ги празни контејнерите, да се ревидира годишната програма за собирање отпад и јавното претпријатие да не се базира на програми од пред 5 или 10 години.

Покрај тоа граѓаните реагираат и на дотраеноста на контејнерите и возниот парк на Комуналец. Велат дека камионите се корозирани и испуштаат флуиди, кои потоа со денови им ги засмрдуваат улиците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.