(ФОТО) Прилеп “поплавен” со антифриз?

Eден од новите автобуси кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп ги набави минатата година, денеска има дефект кај раскрсницата Чумовчанец.

Според информациите од очевидци кои ни ги испратија фотографиите, на автобусот му истекол антифризот.

Oд фотографиите може да се види дека автобусот е целосно валкан и е далеку од изгледот кога беа промовирани.

Инаку ЈП за ПУП четирите нови автобуси ги набави за сума близу 1 милион евра, а за тоа имаше голем број реакции како од граѓаните, така и од опозицијата во Прилеп.

Исто така не е прв пат некој од новите автобуси да има дефект. За тоа пишувавме во неколку наврати порано, а од јавното претпријатие изостана реакција.

“Што бара новиот градски автобус од 250.000 евра во Скопје?” (ФОТО)

“Новиот автобус се “закова” во место, а го платија 250.000 евра?” (Фото)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.